Луксембург со највисок, а Бугарија со најнизок БДП по глава на жител меѓу членките на ЕУ

Европската статистичка служба Евростат денеска објави дека БДП по глава на жител, мерка за економската активност, значително се разликува меѓу земјите-членки на ЕУ.

Во Луксембург, според податоците за 2023 година, БДП по глава на жител е за 139 отсто над просекот на ЕУ, по што следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто).

Други осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ – Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.

Бугарија има најнизок БДП по глава на жител, 36 отсто под просекот на ЕУ, потоа Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто).

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина
- Реклама -