Лукашенко загрижен, го обвини Западот: „Не дај боже европскиот конфликт да се прошири во планетарен“

Минск, 1 март 2022 (МИА) – Претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко, стравува дека сериозниот европски конфликт може да прерасне во планетарен. Тој ова го изјави денеска, на проширениот состанок на националниот Совет за безбедност.

„Не дај Боже тој (сериозен европски конфликт) да се претвори во планетарен. Но, не започна ни во 2014 година. Тогаш за првпат влезе во акутна вооружена фаза. Но, што му претходеше на ова?“, праша белорускиот лидер, кој е најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Според Лукашенко, непочитувањето на безбедносниот систем од страна на Западот довело до сегашната криза.

„Апсолутно непочитување на безбедносниот систем од страна на Западот, израмнување на системот на контроли и рамнотежи, постигнато со тешкотии по распадот на Советскиот Сојуз. Деградацијата и амортизацијата на меѓународните договори доведоа до ескалација на воено-политичката ситуација во нашиот регион“, оцени Лукашенко.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Тој додаде и дека Западот имал цел да ги испровоцира Белорусија и Русија.

„На сите им беше очигледно дека предусловите за конфликтот не исчезнаа, туку згора на тоа, Западот ги зајакна своите пристапи за милитаризација на регионот, ја вовлече украинската страна во оваа приказна со неостварливи ветувања за прием на земјата во Европската унија и НАТО. Тоа има само една цел – да нè испровоцира, пред сè Русија“, рече Лукашенко.

- Реклама -