Лукашенко тврди дека западните земји планираат да ја нападнат Русија

Минск, 12 јули 2022 (МИА) – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека со рускиот колега Владимир Путин разговарал за „плановите“ на Западот да ја нападне Русија.

„Неодамна, а и вчера, со Путин детално разговаравме за подготвените стратешки планови за напад врз Русија“, истакна Лукашенко, откако вчера телефонски разговараше со Путин.

Тој додаде дека „плановите“ предвидуваат офанзива „преку Украина и Белорусија“ врз Русија.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -