Лукашенко: „Полјаците полуделе, мировни сили во Украина ќе значи Трета светска војна“

Минск, 24 март 2022 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека доколку мировниците на НАТО дојдат во Украина, постои опасност од Трета светска војна и во тој случај Белорусија нема да остане на страна.

„Гледате дека овие Полјаци полудеа, тие веќе предлагаат… го поканија (американскиот претседател Џозеф Бајден) од преку океанот, а сега му ја полнат главата за да создадат мировни сили од 100.000 луѓе и да ги донесат во Украина преку Лавов. Разбирате дека тоа е Трета светска војна. И што мислите, дека Белорусија ќе остане на страна и ќе биде толку префинета?“, рече Лукашенко, пренесува белоруската агенција Белта.

Полска повика на воведување мировни сили на НАТО во Украина, за што на 16 март зборуваше полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна
- Реклама -