Лукашенко: Напад на Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека напад врз Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна.

– Сакам да ги предупредам нашите противници, нашите ривали. И оние кои сè уште не разбираат. Нема потреба да се прави ова. Напад на Белорусија е трета светска војна, предупреди Лукашенко.

Лукашенко подвлече дека Белорусија има со што да одговори на надворешна агресија и дека нејзините интереси и вредности ќе се бранат.

– Нема да дозволиме никој да посегне по светата земја на нашите предци, независноста и суверенитетот на нашата татковина, нагласи тој.

Лукашенко претходно најави итен одговор на кршењето на државната граница во случај на напад на НАТО. Тој објасни дека доколку почнат какви било акции против Белорусија, „нема да има друг избор“, потсетуваат белоруските медиуми.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“
- Реклама -