Лукашенко: Американското нуклеарно оружје да се отстрани од евроазиската територија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека нуклеарното оружје мора да се отстрани од евроазиската територија со цел деескалација на тензиите во светот.

„Прво, за вистинска деескалација и почеток на дијалог, неопходно е да се отстрани американското нуклеарно оружје од територијата на Евроазија“, рече Лукашенко на втората меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск.

Според него, на второ место е елиминирањето на практиката на воведување незаконски санкции без одлука на Советот за безбедност на ОН.

„Трето, треба да се развие нов договорен и правен механизам за да се создаде транспарентен, разбирлив режим на контрола врз новите смртоносни технологии кои можат да го уништат целото човештво дури и без нуклеарно оружје“, додаде Лукашенко.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

Овој тип на технологија, рече тој, вклучува ласери, хиперзвук, квантни електромагнетни системи и други напредни технологии. Четвртата точка, додаде Лукашенко, е забраната за употреба на кибер оружје.

- Реклама -