Лукаку објави: Сакам да останам во Интер, ќе разговарам со Челси да се најде решение!

Белгискиот ѕвер Ромелу Лукаку, трагичарот на СП во Катар поради чии утки „црвените ѓаволи“ не успеаа да ја минат ни групата, објави за италијански Скај дека сака да остане во Интер, каде по една година се врати на едногодишен заем од Челси.

Интер пред две лета го продаде за 115 милиони евра во Челси, но Лукаку не се снајде најдобро, па после една сезона се врати кај „нераѕурите“, на заем, но сега посакува Интер да го откупи неговиот договор, ама најголем проблем е за колку пари ќе биде достапен, зашто богатство фрлија лондончани за да го донесат.

„Сакам да останам во Инер уште долго време. Од оваа година мојот син почна да игра во младинскиот погон на Интер и ќе биде прекрасно да продолжиме тука. Ќе разговарам со Челси за да се најде решение и на крајот на сезонава да се постигне договор“, рече Лукаку.

- Реклама -