Луис Хамилтон ја посвети победата на поранешната девојка

Возачот на формула Луис Хамилтон, вчерашната победа на Hungarian Grand Prix ја посвети на неговата поранешна девојка Никол Шерцингер (35). Хамилтон и понатаму покажува дека сака да се смири со атрактивната пејачка.

article-2380549-1B09CD31000005DC-58_634x468

Тој изјавил како победата му е чудна без Никол покрај него, иако тие пред неколку месеци ја прекинаа нивната 5-годишна врска.

„Не беше воопшто лесно последниве месеци. Моето семејство беше покрај мене цело време. Чудно е да се биде без некој тука, и би рекол дека ова е една од трките кои сакате да му ги посветите некому“, рекол 28-годишниот возач после завршетокот на трката.

article-2380549-05D99F52000005DC-703_634x622

Според извори блиски на поранешната двојка, тие едноставно немале време еден за друг поради пренатрупаните обврски, па врската сама по себе се изгасила.

- Реклама -