Луис Енрике: Фудбалот треба да е шоу, а ние „продаваме“ – досада!

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике призна дека многу се досадува на Светското првенство, кое комплетно не нуди ништо повеќе од досада, наместо шоу каков што треба да биде фудбалот.

Многу малку мечеви понудија максимална возбуда во досегашниот тек од Мундијалот во Катар.

„Дојдовме до точка во која прво нешто што ќе треба да ги учиме тренерите е дека фудбалот е шуо. Ако има 50 или 100 илјади гледачи на стадион, значи има милиони крај ТВ-екраните. А, што им нудиме – досадно шоу! Проблемот е што сите тренери практикуваат дефанзива, а на Светско гледате напад само ако сте во негатива. Јас поинаку го гледам фудбалот и треба да биде шоу, треба на народот да му пинудите шоу дека играте фудбал за навивачите“, рече Енрике.

- Реклама -