Како луѓето стареат од 1 до 100 години (видео)

Користејќи Panasonic GH2, холандскиот режисер Џереон Волф снимал луѓе на различна возраст од 1 до 100 години.

Едноставно – луѓето гледаат во камерата и ја кажуваат својата возраст – но интересно е да се види како искуството влијае врз луѓето на различни возрасти. Волф го започнал проектот минатиот октомври снимајќи луѓе во Амстердам но проектот се изменил бидејќи било тешко да се најдат многу млади и многу стари субјекти.

{vimeo}48237094{/vimeo}

Волф изјавил: „Најдов доста стари „модели“ во старечки домови и беше привилегија за мене да ги документирам овие луѓе за проектот. Имав тешкотии да најдам 99 годишен модел. Очигледно 100 годишниците се доста чести, но 99 годишник е редок вид… И кога најпосле најдов една, таа одби да ја каже својата возраст пред камерата. Таа негираше дека има 99 години!“

- Реклама -