Киргистан е скриен дијамант на Централна Азија. Во моментот кога ќе ги посетите руралните области, ќе бидете воодушевени од убавината на пејзажот. Зелени ридови и планини насекаде околу вас; фотографот Омар Реда вели дека е како да шетате по wallpaper на Microsoft Windows.
Можеби овие рајски сцени се тајната зад веселиот отсјај во очите на луѓето од Киргистан, навестува Омар. „Каде и да отидов, секогаш бев пречекан со среќна насмевка, и покрај суровоста на номадскиот начин на живот“. Другата уникатна карактеристика што на милион наврати го восхитувала е колоритноста на очите на тие насмеани лица. Вели дека тоа ја открива невиноста и скромноста на овие луѓе.
„Киргистан е дестинација што мора да се посети. Тоа е местото каде што коњите галопираат по живи зелени полиња. Тоа е како да живеете во слика што ја гледате во музеи или во хотелските лобија. Штом заминете, посакувате да се вратите назад и таму да си ја истерате пензијата до крајот на животот“.
Туку баталете ги пофалните зборови, Омар има уште подобри фото-докази:
Инстаграмот на Омар