Луѓето можеби обожаваат да пливаат заедно со делфините, ама чувството не е взаемно, тврдат британски научници од Универзитетот на Њукасл. Тие откриваат дека секој наш обид да ги допреме делфините додека сме во нивна близина, е исклучително трауматизирачки за животните.
„Нашето истражување покажува дека при појавата на туристички чамци, делфините стануваат особено несигурни и посветуваат многу помалку време на јадење, дружење и одмор“ – вели за весникот „Телеграф“ д-р Пер Бергрен. „Тоа се одразува негативно не само врз индивидуалните животни, но и врз популацијата во целост“.
Ова не е прва ваква студија. Според Лори Марино од универзитетот „Емјор“, од контактот со луѓето може да произлезат и разни „психолошки проблеми“ за самите делфини.