Актерот кој во Fast & Furious 3: Tokyo Drift ја играше улогата на Шон Босвел се враќа во серијалот.
Според Deadline, Lucas Blacк кој во Fast & Furious: Tokyo Drift го играше Шон Босвел, ќе ја повтори улогата во наредните три филма од Fast & Furious серијалот.
Режисер на наредниот Fast & Furious филм ќе биде James Wan, кој во моментов го ужива големиот успех кој го има неговиот филм Insidious: Chapter 2. Во филмот се враќа комплетната актерска екипа, плус Тајландскиот актер Tony Jaa, а Jason Statham ќе биде во улога на негативец. Премиерата на филмот е закажана за 11 јули 2014 година.
Текстот е објавен во соработка со МкКод