Љубовта цвета: Швајни ѝ подари ружа на Ана, а таа возврати со бакнеж

Германскиот фудбалер ја следи српската тенисерка на сите важни настани и тренинзи, а на последниот тренинг баш ја изненади.

 

Иако се обидуваат да се дистанцираат од јавноста и разменуваат само по неколку заљубени погледи, двојката си дозволи малку да попушти по тренингот на Ана.

Швајни на својата сакана ѝ подари ружа, а таа воодушевено скокна врз него и го бакна. Сепак, бакнежот заврши на неговиот образ, но Србинката не можела да ја сокрие воодушевеноста, но потоа конечно успеа да се смири.

- Реклама -