Љубовта не доаѓа – Што е потребно да направиме за повеќе среќа

Патиштата на љубовта се неизвесни.

Сепак, долгото исчекување, зависи и од тоа колку сте подготвени да дочекате.

Можеби сте подготвени, но не знаете кога ќе наиде, ниту кој/а ќе биде таа личност. Прашањето е непознато, не можете да ја контролирате, и премногу е неизвесно. Ако имате некој идеал за личност која што го заслужува вашето внимание, постои најголема можност за разочарувања.  Бидете сосема неподготвени за моментот кога ќе наиде вистинската личност.

Зен блогерот, Лео Бабуата, тврди дека не е голем експерт за љубов, односно дека имал многу среќа кога ја запознал својата сопруга. Сепак, неговиот совет е тоа дека во потрагата по љубовта, треба да сте подготвени на се.

Во исчекување на неизвесното

Не постои граница за ништо, но и да постои веројатно не би било забавно. Непознато е дали ќе најдете некој што ќе ви се допадне, како што не можете да знаете дали личноста со која што се гледате е вистинската. Затоа подгответе се. Исчекувајте неизвесност и често впуштајте се во ситуации за кои не сте сигурни како ќе завршат. Да речеме, започнете нова работа, отпатувајте некаде со малку пари. Со постојана вежба ќе станете се подобри.

love-story_01

Збогувајте се со идеалите

Веројатно барате идеална личност, но така само си го стеснувате изборот. Доколку целите кон пронаоѓање на совршена личност, која што ги исполнува сите ваши замисли, има доволно одговарачка хемија и притоа и се допаѓате и вие, ќе имате тешка задача, а можеби и ако ја запознаете ќе бидете под толкав притисок што нема да успеете да ги оставите работите да течат самите. Наместо тоа, отфрлете ги идеалите и дочекајте неизвесност со отворен ум. Бидете љубопитни, но не и сигурни.

Бидете доволни, самите на себе

Наместо да  се надевате дека некој ќе наиде и ќе ги исполни сите ваши емотивни потреби, научете самите да се погрижите за нив. Потребно ви е само она што го имате, токму сега.

alone-distance-love-Favim.com-344835

Правете интересни нешта

Истражувајте го светот. Одете на некоја авантура. Ќе стекнете нови вештини или ќе научите нов јазик. Направете нешто. Пишувајте. Поставете си нови предизвици. Не само што ќе станете поинтересни, туку и ќе се забавувате и ќе имате интересни приказни.

Подобрете ги своето здравје и своите финансии

Никој не сака да излегува со губитници. Ниту вие не го сакате тоа, ниту пак, вашиот следен партнер. Значи, започнете да вежбате. Започнете да штедите и елиминирајте ги своите долгови.

Самодоверба

И не заборавајте. Што и да правите, правете го со самодоверба. Ако верувате во себе, ако ги браните вашите тези, секогаш ќе бидете забележани во очите на сите.

20130605-pridobivkite-od-pregolemata-samodoverba-1

- Реклама -