„Љубов“ на Гаспар Ное – порнич со добра фотографија

Имавме можност премиерно да го погледнеме на Cinedays, а веќе започна да се прикажува и во кината.

„Љубов“ на Гаспар Ное е филм во кој секс сцените реално се случуваат, па тотално сме во право ако кажеме дека „Љубов“ е порно филм со лоша глума, сиромашна приказна богата со клишеа, добра фотографија и умешно играње со боите на начин што му прилега на режисер од калибарот на Гаспар Ное.

film1

Марфи (млад режисер) е заљубен во Електра и решаваат да прават тројка со нивната нова соседка. Сепак, Марфи не успева да остане задоволен со еднаш, па по некое време кога останува сам дома ја повикува соседката и повторно имаат секс, по кој што таа останува бремена. Тоа значи крај на неговата врска со Електра, а тој не може да си прости. 

Гаспар Ное во филмот

Контрадикторно во филмот е тоа што Марфи цело време се однесува како клошар по дефиниција и смета дека „пичка си е пичка“, ама не може да прости ако некој ја нема гледано „Вселенската одисеја“ на Кјубрик. Уште поглупаво е што на некој метафоричен начин, сепак во центарот на филмот се и зборовите на Гаспар Ное дека сака да види “сентиментална сексуалност” на екранот.

“Сакам да правам филмови со крв, сперма и солзи”, вели амбициозниот млад режисер Марфи. Мојот сон е да направам филм кој навистина ќе ја покажува сентименталната сексуалност”, прецизира главниот лик.

Ликовите прават нестимулиран секс, снимен во 3D, а може да се види и сперма како лета кон камерата.

И колку и да сакал Ное да нè излечи од сите стереотипи и да ја претстави љубовта со сите нејзини недостатоци и грешки, сепак лошата глума ни најмалку не успеа да долови сентиментален секс, а уште помалку љубовна приказна.

film2

Главните актери за филмот:

Главните актери не се ни актери. Карл Глусман има глумено во два лоши филмови во кариерата, а на Аоми Мајок ова и е прв филм. Сосема логично со оглед на тематиката е дека изборот на актери ќе се стесни, но Карл во интервјуата критиките околу лошата глума не ги препишува на неталентираност и недостаток од искуство во најмала рака, што е очигледно, туку вели дека глумата е таква каква што е со цел меѓучовечките односи да изгледаат реално, божем добрата глума се темели врз театралност.

Прочитајте и:  „Култиватор филм“ во Кино Карпош

„Прочитав коментари дека актерите не чинат. Ние  и не глумевме, бидејќи се трудевме се да биде реално“ вели  тој.

Карл во интервју се дрзна да го спореди „Љубов“ со „Нимфоманиак“ на Ларс фон Трир, односно да објасни која е предноста на „Љубов“. Тој дури и индиректно удри по актерите кои „не сакаат да свршат на филм“ дека глумат во филмови за мали деца.

„Ларс фон Трир велеше дека ќе покаже секс на начин кој никогаш не сме го виделе досега. Потоа се сетив дека сите тела се на дублери. Мене тоа ми изгледа неверојатно чудно и туѓо. Можеби затоа што се филмски ѕвезди и се загрижени дали Disney ќе ги вработи во некој филм во иднина “.

Аоми Мујок која ја игра Електра, е париски модел без досегашно актерско искуство.

„На почетокот многу се плашев”, вели таа. „Од една страна, имаше многу луѓе наоколу, па моментот воопшто не беше интимен, а од друга, Ное си поставил за цел да не им дава на актерите многу упатства. Првиот ден од снимањата ми беше тешко, но потоа сфатив дека правејќи го тоа, не правам нешто лошо или погрешно”.

film-gaspar

Критичарите кои го фалат филмот што успеа да влезе во официјалната селекција на Кан и да се закити со филмски награди, велат дека токму овој човечки аспект, акцентиран од импровизираната суштина на секс сцените, му дава на “Љубов” одредена топлина.

Ние се надеваме дека ваквите филмови нема да станат тренд по успехот на „Љубов“, затоа што филмот како уметност заслужува повеќе од голи и неталентирани деца што кога ќе пораснат сакаат да глумат во филм.

/Е.Т.

 

- Реклама -