Обидите на нискотарифните Ryanair „да не ги лутат луѓето без причина“, шефот на компанијата, Мајкл О’Лиери ги опиша како најновата бизнис стратегија.
Резултатите на Ryanair да се однесува кон патниците како со пријатели, а не како кон непријатели се покажаа повеќе од добри, пишува Economist. Профитот отскокнал за две третини за финансиската година до март, достигнувајќи 867 милиони евра.
Од компанијата се надеваат дека бројот на патниците ќе се зголеми за уште 10% во текот на оваа година. Од ирскиот авиопревозник тврдат дека „се заљубиле во клиентите“. Компанијата намалила и дел од таксите, како и наметнатите кривични плаќања, а сега им овозможува на патниците да сместат и дополнителен мал багаж на авионот.
Како и многу од нискотарифните компании, Ryanair во моментов им определува места на патниците, наместо тие да се по слободен принцип, со цел сите да бидат удобно сместени.
Компанијата исто така нуди флексибилни цени. Таа направи промени во распоредот, летајќи со повеќе авиони до поголемите и подобро распоредени аеродроми, за да привлекува и луѓе кои патуваат по бизнис.
Љубезноста сепак има своја цена. Според некои проценки, билетите на компанијата поскапеле во просек за околу 12% во 2014 година – првата година во која компанијата се дружи љубезно со патниците. Од Ryanair тврдат дека тоа не е вистина и дека цените на билетите се уште паѓаат. Ризиците за превозникот се дека тој го следи моделот на првиот нискобуџетен авиопревозник од другата страна на Атлантикот – Southwest Airlines. Со наближувањето на 50-годишнината на американскиот превозник авионите на компанијата стареат, а бројот на патниците – пензионери се зголемува.
Пред некое време О’Лиери ги нарече патниците со прекумерна тежина „дебели копилиња на одборот“.
Очигледно новиот имиџ работи на поправање на изјавата која е еквивалентна на бизнис – самоубиство. Сепак, секој заслужува втора шанса зар не?
Текстовите во Адвертајзинг, се поддржани од Via Marketing