Лубеницата како природен дезодоранс

Црвена и сочна, лубеницата е вистински мелем за телото во топлите летни денови. Освен што ја гаси жедта, ова овошје многу ефикасно го чисти организмот, особено бубрезите и делува како силен природен дезодоранс.

Поради претераното користење на индустриски мириси и дезодоранси препознавањето на мирисите на телото е се потешко, а тие се важен индикатор на психичката и физичката состојба и на состојбата на имунолошкиот систем.

За да создадете одреден пријатен мирис кој позитивно ќе делува и на здравјето доведувајќи го во состојба на рамнотежа, може да помогнат разни мешавини на етерични масла. Неколку капки ставени на кожата веднаш по туширањето, ќе ви дадат пријатен мирис, а во зависност од изборот на маслото, ќе го смират или ќе го активираат нервниот систем и ќе ја подобрат циркулацијата.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Watermelon

Но, наместо етерични масла јадете лубеница која доведува до повеќекратно и ефикасно чистење на организмот. Честото конзумирање покрај тоа што делува како природен дезодоранс, неверојатно ги чисти бубрезите подобрувајќи ја нивната функција, влијае директно и индиректно на функцијата на зглобовите и кичмата.

Лубеницата помага и во ослободување од вишокот соли во сите делови на организмот. Ќе ги исчисти и крвните садови од масните наслаги и целулитот. Лубеницата ги прочистува цревата и воспоставува Ph рамнотежа.

- Реклама -