Лук на ноктите, портокал на лицето

Испукани нокти, тенка коса без сјај, масна кожа… жените трошат навистина многу време и пари на убавината. Еве неколку евтини козметички совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате одлично.

Лукот ги чува ноктите

Редовно јадете сирење, кромид, лук и јаткасти овошја за здрави нокти. Лукот, исто така, им дава цврстина на ноктите. Ставете едно излупено чешне лук во безбоен лак за нокти. Колку и да звучи чудно, овој третман ќе им даде сјај и цврстина на вашите нокти.

Лимон за нежни раце

Рацете третирајте ги со кора со лимон. Иако тоа може да биде непријатно и малку да ве пецка, кората од лимон инстантно ќе ги залечи грубите и суви раце.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Портокал за масна кожа

Најдобрата маска за лице може да ја направите во домашни услови, и тоа од природни состојки. За масна кожа помешајте неколку лажици прав од сандалово дрво со неколку лажици сок од портокал. Маската нанесете ја на лицето и на вратот, почекајте да се исуши и потоа измијте го лицето со ладна вода. За нормална кожа сокот од портокал заменете го со ружина водичка.

Масирајте ја косата со масло

За да имате јака коса масирајте го темето со масло. Еднаш неделно на косата нанесете кокосово, маслиново или бадемово масло и масирајте ја главата пет минути. Потоа оставете го маслото да делува десетина минути и косата измијте ја со шампон.

- Реклама -