Ловење леопарди со мобилен

leopard_ppШумарите во западна Индија користат мобилни телефони со рингтонови од
кравјо мукање, козјо мекање и петелско кукурикање за да привлечат
леопарди кои ќе заскитаат во човечки населби.


leopardШумарите во западна Индија користат мобилни телефони со рингтонови од кравјо мукање, козјо мекање и петелско кукурикање за да привлечат леопарди кои ќе заскитаат во човечки населби.

Дивите мачки во државата Гуџарат често заскитуваат во села крај шумите во потрага по храна, велат надлежните, додавајќи дека така доаѓа и до напади врз луѓе.

Но место да користат методи како живи мамки, на пример кози врзани за дрво да ги намамат леопардите, кои паѓаат во големи дупки ископани од шумарите, тие велат дека нашле побезбеден метод за фаќање на мачките.

"Мукањето на крави, мекањето на кози од телефон се покажаа ефикасни во фаќањето леопарди", вели Д. Васани, висок шумарски службеник во Гуџарат. "Овој трик е успешен."

Васани вели дека шумарите ги имаат симнато звуците на преку дузина животни како рингтонови на своите мобилни телефони кои ги поврзуваат со звучници и ги закачуваат зад кафез.

виа.

- Реклама -