Човек облечен во костум од снешко, стои неподвижно додека пешаци поминуваат покрај него, а потоа ги сепнува и ги преплашува- дел од Божиќната традиција.
„Лошиот“ снешко постои од 2011 година и остварува над 90 милиони прегледи на јутјуб. Фејсбук на Freaky има над 135 000 лајкови, а ‘RIP Films’ кои се креатори на оваа приказна, почнале да продаваат и негови фигури. Погледнете што снимила скриената камера, овој пат во Бостон, а успеа да ја насмее и бостонската полиција.