Лошото дете во фудбалот: Животот на Марио Балотели

23-годишниот Марио Балотели е еден од најпопуларните фудбалери во последните години. Медиумите пишуваат како за неговите брилијантни настапи на теренот, така и за пикантните детали околу неговиот приватен живот, а тој дефинитивно им дава поводи – правејќи  пожар дома со огномет,  лична средба со Папата.

Прочитај повеќе: Прекрасниот  живот на Лионел Меси

Да погледнеме  како си живее Балотели. Тој прави по 7 милиони долари годишно во AC Milan.

Надвор од теренот заработува огромни суми од своите спонзори, како Puma. Во моментов Nike, Adidas и Puma наддаваат за договор со него.

За овие патики, покриени со весник, пишуваа сите медиуми.

Тој е најскапиот играч во Италија, со тоа што неговата цена се пресметува на 50 милиони долари. Тој е на 21-то место во светот, по заработувачка. Ги сака автомобилите. Има Ferrari, Bentley, Audi и Maserati.

Прочитај повеќе: Прекрасниот живот  на Кристијано Роналдо

Кога играше за Манчестер Сити, купи куќа за 3 милиони долари.

Во 2012 година, сепак мораше малку да излезе  од таму, откако ја запали бањата со огномет. Во неговата нова куќа во Милано има златна фонтана и негова статуа во природна големина.

Кога беше во Манчестер Сити тој честопати  беше парично казнет, во вредност од илјадници долари.

Еднаш бил казнет со плата за цела недела (200 000 долари) затоа што отишол на забава во клуб, само две вечери пред натпревар.

Во декември 2012 беше казнет со 570 000 долари за прекршоци, меѓу кои тоа дека згазнал (наводно без да сака) на главата на противнички играч. Во првите неколку месеци, во кои беше во Англија, неговиот автомобил доби 27  казни во вредност од 16 000 долари.

Еднаш на тренингот на Манчестер Сити се тепал со тренерот. Во 2011 година откако постигна гол на Манчестер Јунајтед го крена дресот и долу имаше маица со натпис “Зошто секогаш јас?”. ФИФА веќе не дозволува такви натписи. Во моментов излегува со белгискиот модел Фани Негиеша. Според таблоидите сепак двајцата имаат проблеми во врската.

Папата се согласи на лична средба со него.

На оваа фотографија ја прегрнува мајка си (таа го посвоила) по поразен натпревар.

Не е познат по скромност и ги обожува скандалите.  Тој најави дека пристигнал во Бразил за Светското првенство, со тоа што  објави своја слика како Христос.

 

- Реклама -