Лошите страни на кафето

Многумина го започнуваат утрото со пиење кафе, но има и такви кои во текот на денот претерано ги конзумираат.

Кафето има многу предности, но може и да наштети доколку претерувате и го пиете во големи количини, а се случува да го пиеме по навика, дури и кога немаме реална потреба од кафе. Истражувањата, меѓутоа покажуваат дека пет или повеќе шолји кафе дневно можат да предизвикаат многу непријатни последици на вашиот организам.

Погледнете кои се тие:

People_Drinking_Coffee

Луѓето кои се под сериозен стрес и комзумираат премногу кофеин можат да слушаат звуци кои всушност не постојат.

Големата количина на кофеин може да му наштети на желудникот, особено ако користите лекови против болки.

Може да ви се зголеми крвниот притисок.

caffe-cuore-health

 

Премногу кафе може да предизвика несоница. На кофеинот му се потребни 24 часа да излезе од организмот, но бројот на часови варира од личност до личност.

Од кофеинот можете да станете зависни, но може да се промени и вашето расположение. Кога престанува да дејствува, расположението се намалува. Единствен начин да го подобрите е да пиете уште кафе, поради кое што повторно краткотрајно се чувствувате добро.

Одвикнувањето од кофеин може да предизвика главоболка, која настапува 12 до 24 чса, по последното внесување во организмот.

IMG_3512-620x413

Истотака, одвикнувањето може да ве депримира и да поттикне да се чувствувате тешко, заморно и поспано.

Го зголемува ризикот од остеопороза, со тоа што внесувате доволно калциум и витамин D.

Колку почесто пиете, толку почесто мокрите.

tazzina-di-caffe_h_partb3

 

- Реклама -