Ако не сте задоволни од брачниот живот, не би било лошо да посетите кардиолог, според најнова студија.Социолошка студија на државниот институт во Мичиген, вели дека сопружниците во лошите бракови, особено жените, се изложени на поголем ризик од срцево заболување отколку оние кои се среќно венчани.
Студијата опфаќа 1000 венчани парови во доба од 57 до 85 години.
Учесниците на студијата прво одговарале на прашања за состојбата на нивниот брак, а потоа навлегувале во здравствена анализа (преглед на срце, мерење на притисок). Нивните одговори ги споредувале со резултатите од анализата од која што е извлечено дека оние од лош брак се склони кон срцеви заболувања. Колку биле паровите постари, толку ризикот бил поголем.
Судејќи по овие резултати, изгледа дека сите оние песни за „скршени срца“ немаат само преносно значење.