Сите оние кои се надеваа на тенок телефон и поголем екран ги чека уште еден новитет од Apple кој нема баш да ве воодушеви – покачување на цената.Ако планиравте да го купите најновиот „Ајфон“, подобро размислете повторно. Иако овие телефони се најскапи на пазароt, Apple планира новиот модел да биде поскап за дури 100 долари.
Од компанијата веројатно сметаат дека оваа цена нема да ги поколеба љубителите на брендот, бидејќи според нивните проценки iPhone 6 е најдоброто нешто што годинава ќе се појави на пазарот за мобилни.
Имено, се уште нема официјална изјава во врска со оваа информација иако истата се рашири ширум светот.