Пеле беше хоспитализиран поради слабо срце, но и вирусна инфекција, но најголемиот проблем е што ракот прогресира и Пеле ќе го мине Божиќ во болница. Од претходн беше објавено дека хемотерапиите не помагаат во лечењето на Пеле, но до вчера ситуацијата беше стабилна.
Според тоа што го објави конзилиумот, поради прогресот на ракот, лекарите стравуваат од можно откажување на бубрезите, како и проблемите со срцето, па поради тоа мора да остане под најголема лекарска грижа.