Локалните избори поминале со нерегуларности но со позитивна енергија кај гласачите, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ на првата прес-конференција по завршување на гласањето локалните избори поминале со нерегуларности, нарушување на изборниот процес и коруптивно делување на власта. Од ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на добри резултати и очекуваат поголема излезност во вториот круг.

„На власт во државата имаме гарнитура која е потопена во криминал и корупција и соодветно на тоа имавме избори каде забележавме нерегуларности, нарушување на изборниот процес и коруптивно делување на власта. Така, во текот на вчерашниот и завчерашниот ден забележавме кршење на изборниот молк, заплашувања, притисоци и уцени од страна на носители на јавни функции, поединци минитри, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели“, изјави Миле Лефков на прес-конференцијата.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

Посочи дека имаат сомневања за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид и делови од Скопје, за брутален физички инциднет на напад врз новинар и медумски работници во Прилеп, за бугарски воз и за полнење на кутии во Сарај.

За ова, како што информира Лефков, поднесени се приговори.

МИА

- Реклама -