Лојд: „Славата од Војна на ѕвездите мојот живот го претвори во пекол“

Актерот Џејк Лојд кој го играше ликот на младиот Анакин Скајвокер бегаше од полицијата како во филмска потера.

Џејк Лојд се прослави со улогата на младиот Анакин Скајвокер во филмот „Star Wars“, но како што тврди, таа слава не му донела ништо добро во животот, а со оглед на она што во последно време му се случува, му веруваме.

Screenshot_4

Џејк тврди дека славата му го уништи животот и го претвори во пекол. Вели дека неговите врсници биле ужасно сурови кон него, и дека давал и по 60 интервјуа на ден. Притисокот на јавноста едноставно бил премногу силен за младиот Џејк. Тој развил омраза кон камерите и повеќе никогаш нема глумено. Филмот никогаш не го гледал, а за тоа е крив Џорџ Лукас.

Screenshot_5

И така Џејк од светот на планетарната слава дојде до затвор поради пружање отпор при апсење. Со својот автомобил дивеел по улиците и загрозувал возачи и пешаци. Кога полицијата се обидела да го застане, тој го стиснал гасот и започнала вистинска филмска бркотница.

Screenshot_6

На крајот излегол од патот, се пробил преку оградата, се улетал во шумата и застанал меѓу ниски дрвја, а потоа, претпоставувате, тој заврши во затвор.

Screenshot_7

- Реклама -