Љубљана е главен град на Словенија сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина. Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија во кој може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики. Прекасен град кој вреди да се посети.