Новото пенкало на Livescribe ги пренесува вашите белешки директно на вашиот iPhone или iPad

Livescribe деновиве го претстави својо нов модел на паметни пенкало наречен, Livescribe 3 Smartpen. Неговата цел е да ги преобразува рачно напишаните белешки во дигитална форма на вашиот паметен телефон или таблет.

Сега со Livescribe 3 Smartpen, кога ќе напишете нешто на лист хартија, вашите зборови, точки, цртежи и дијаграми веднаш ќе се појавуваат на вашиот телефон или таблет преку мобилната апликација за Livescribe+. Во моментот оваа апликација е достапна само за iOS, а поврзувањето на апликација со пенкалото се врши преку Bluetooth.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.mk

- Реклама -