Ливерпул сруши уште еден рекорд во Лига на шампиони

Ливерпул синоќа загуби од Рома со 4:2, но сепак се пласираше во финалето на Лигата на шампоните. Токму тие два гола кои успеа да ги постигне, направија да срушат уште еден рекорд во Лига на шампиони.

Имено, тимот на Ливерпул стигна до неверојатна бројка од 40 погодоци во една сезона во ЛШ, a вкупно 46 сосе квалификациите како рекорд со кој не може да се пофали ни најтрофејниот Реал Мадрид, ниту спектакуларните генерации на Барселона, Баерн Минхен… Но, кога се ќе се собере и одземе, главна причина за ваквата спектакуларна сезона на „црвените“, предводени од Јирген Клоп лежи во страшното трио – Мо Салах – Саидо Мане – Роберто Фирмињо.

Ако Ливерпул може посебно со нешто да се пофали, дефинитивно е ова трио, кое синоќа влезе во историјата на Лигата на шампионите. Дури и Реал Мадрид, инаку противник на Ливерпул во финалето на 26 мај во Киев, немал вакво трио по број на голови, иако „кралевите“ со познатото ББЦ (Бејл-Бензема-Кристијано Роналдо) освои три европски титули од последните четири сезони.

Триото на Ливерпул заедно сезонава даде 29 од 40-те гола. Салах и Фирмињо погодија по 10, Сане даде девет гола. Со оваа бројка, оваа тројка ја надмина славната ББЦ-тројка на Реал од сезоната 2013/14. Шанса да го подобрат рекордот ќе имаат на 26 мај во финалето во Киев против најтрофејниот клуб на светот Реал Мадрид.

Инаку, Рома и Ливерпул го одиграа најефикасниот полуфинален двомеч во историјата со 13 погодоци. Никогаш досега во историјата не се случило такво нешто.

- Реклама -