Ливерпул ќе се обиде да го ангажира Торес

Според информации од францускиот медиум „Л’Екип“, Ливерпул сериозно размислува за испраќање понуда за фудбалерот на Барселона, додека интерес за него покажува и Пари Сен Жермен.

Неговиот договор со каталонскиот клуб истекува следното лето, а управата планира да го продаде за да обезбеди финансиски средства, наместо да го изгуби без обештетување.

Според податоците од Шпанија, во блиска иднина е предвидена средба меѓу челниците на Барселона, Торес и неговите менаџери.

На таа средба, клубот ќе му понуди нов договор, што автоматски би ја зголемило и неговата трансферна вредност.

Меѓутоа, официјалното активирање на новиот договор би било возможно дури во септември, поради ограничувањата што се поврзани со платниот фонд на клубот.