Ливерпул е заинтересиран за тројца играчи на Баер

Ливерпул може да ангажира неколку играчи на Баер Леверкузен.

Според „CaughtOffside“, англискиот клуб е заинтересиран за фудбалерите од средниот ред Флоријан Вирц и Езекиел Паласиос, како и за дефанзивецот Џереми Фримпоног.

Оваа сезона 21-годишниот Вирц одигра седум натпревари на кои постигна шест гола и еднаш асистираше.

Дваесет и петгодишниот Паласиос има два натпревара без постигнат гол, додека 23-годишниот Фримпонг има гол и четири  асистенции на седум натпревари.

- Реклама -