Литванија им забрани на Русите и Белорусите да поседуваат оружје

На руските и на белоруските граѓани во Литванија ќе им биде забрането да поседуваат огнено оружје, според новиот Закон усвоен денеска од литванскиот Парламент.

Новата легислатива што ќе стапи на сила од 1 април следната година има за цел, велат, да спречи формирање оружени групи што би се спротивставиле на властите во случај на немири во земјата.

Според информациите презентирани во Парламентот, 294 руски и 46 белоруски државјани во моментов поседуваат дозволи за оружје.

Откако ќе стапи во сила законот, тие ќе имаат рок од една година да го продадат оружјето или да го предадат на полицијата. Дозволите за поседување ќе им бидат укинати.

На 10 мај, Литванија изгласа резолуција со која ја прогласи Русија за „терористичка држава“, а инвазијата ја прогласи за „геноцид врз украинскиот народ“. Претходно тоа го направија Естонија и Латвија.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Извор: МИА

- Реклама -