Многу жени имаат проблем со акните и мозолчињата кои оставаат лузни и прават да се чуствуваат помалку убави. Тие најчесто се поврзани со пубертетот, но тие често се јавуваат и во подоцнежните години. Виновниците се многубројни, како на пример неправилна исхрана, хигиена или стрес.
Една млада девојка доживеала неверојатна трансформација на лицето и се ослободила од акните само со помош на мед.
Ако сите ваши обиди, користењето на различни производи или третмани не ви помогнале да се ослободите од нив, можеби е време да преминете на некое природно сретство кое сигурно се наоѓа во вашата кујна.
„Како што растев толку повеќе ми се менуваше лицето. Бев многу посрамена и не сакав да се гледам во огледало. Несакав да одам во училиште и несакав да бидат покружена со луѓе. Повеќе не се чуствував како себе“-напишала девојката.
Прво се обидела со препишаните лекови, кои само ја влошиле нејзината состојба, а кожата ѝ станала сува, надразнета и перутава. Конечно го пронашла решението во медот.
Девојката вели дека пред спиење нанесувала мед со помош на газа, која потоа ја лепела со фластер или леплива трака, а наутро акните биле видливо намалени или целосно исчезнати.
Доколку и вас ве мачат акни и мозолчиња, овој совет дефинитивно треба да го испробате.