Лицата на бирократијата (галерија)

Самиот збор „бирократија“ доаѓа во пакет со негативна конотација. Сугерира непотребна работа со документи, неефикасност, и пред сé, нељубезно па и непријателско однесување. Таква конотација му дава времето, колку повеќе време поминува, толку повеќе се множат и се повторуваат негативните искуства на обичните луѓе кои мораат да интерактуваат со системот. Со тек на време, се раѓа презир кон тој систем и самата влада. Степенот на презир, пак, варира од земја до земја.

За својата фотосерија „Bureaucratics“, холандскиот фотограф Јан Банинг патувал во осум земји, на пет различни континенти. Посетил стотици канцеларии, документирајќи ја културата, симболите и ритуалите на државните администрации и нивните „слуги“ (службеници, де).

Поентата на Банинг е дека административците се лицето на една влада. Фотографиите на Банинг се полни со детали, исто како и нивните канцеларии; детали кои обичниот човек главно ги пропушта, бидејќи во административна канцеларија оди за да заврши работа и обично се фокусира на исходот или документите. На некој начин, фотографиите на Банинг за прв пат ги прават државните службеници целосно видливи за тие од другата страна на шалтерот/бирото.

Сите негови посети биле ненајавени, а фотографиите го отсликуваат истото тоа што и обичниот човек би го видел кога, како што рековме, не би морал да се фокусира на ладнокрвноста на службениците.

Бекстори за секоја од фотографиите ќе најдете ТУКА.

 

- Реклама -