Лист, камен, ножици, сонце, смартфон

Температурите повисоки од 30 степени целзиусови, можат да им наштетат на смартфоните. Ако уредот се остави премногу долго време на сонце,  неговиот екран ќе престане да функционира правилно, предупредуваат експертите од германскиот телекомуникациски портал Teltarif.de.

Батериите исто така се трошат  побрзо кога е топло. Препораката на експертите е мобилните уреди да се носат во торба на топлото време. Ако сепак,  се случи смартфонот да се прегрее, корисникот треба да го остави во сенка, за да се излади.

Во овој случај не смее да се направи грешка со брзо ладење во фрижидер или замрзнувач. Како резултат на брзата промена на температурите во куќиштето се добива кондензација што може да доведе до оштетување на уредот.

- Реклама -