Лошата девојка на Холивуд, Линдзи Лохан претрпе пораз во обидот да ја импресионира театралнaта критика во Лондон.Во изминатата недела таа дебитираше во претставата Speed-the-Plow.
Линдзи го шокираше светот со афинитетот кон лесните кражби и алкохолот, а сега постојано си ја забораваше својата реплика.
Таа ги стави своите колеги во непријатна ситуација, а критичарите воопшто не ја поштедија.
„Бледа повеќе и од духот, таа воопшто не слушаше додека од четирите агли на сцената се обидуваа да ја потсетуваат какви и се репликите. Во поголемиот дел од времето само стоеше здрвено, не се обиде и за миг да донесе капка живот во својот образ “; „Подобро да си оди повторно во ноќните клубови”, беа само дел од пресудите на новинарите.