Линдзи Лохан си поиграла со фотошоп и направила катастрофа

Ова не е прв пат Линдзи да не успее во употребата на најголемиот (не)пријател на холивудските ѕвезди- фотошоп.

Но, нејзините обожаватели тврдат дека сега навистина претерала.

Така, овој пат Линдзи направила неверојатна грешка, кога се обидела да ги намали бутовите и при тоа ја искривила вратата.

Screenshot_3

Пејачката често пати е на мета на критичарите и обожавателите кои не се плашат да ја искритикуваат на социјалните мрежи, токму поради тоа што не знае да ја користи програмата за обработување на фотографии.

На најновата фотографија која ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм, главата на Линдзи е многу поголема во однос на остатокот од телото, а за бутовите да не зборуваме.

- Реклама -