Линдзи Лохан настојува со неодговорното однесување, па така во понеделникот си направи додатен проблем, доцнејќи на сопственото судење. Линдзи пред судиите се појави 48 минути после закажаниот термин, а одговараше за несовесно возење, лажење на полицаец, кршење на условната казна и кражба. Сепак, судот повторно беше благ кон неа, бидејќи актерката се извлече само со 30 дена општествено корисна работа, како и 18-месечна психотерапија.