Линдзи Лохан емотивна и искрена во шоуто на Летерман

Линдзи Лохан за прв пат и јавно проговори на телевизија одкако беше донесена пресудата дека мора да оди на рехабилитација. На гостувањето кај Дејвид Летерман таа неколку пати го смени расположението па така можеше актерката да ја видиме од расплакана до насмеана.

Линдзи остави впечаток како конечно да е подготвена да превземе одговорност за се што се случува во нејзниот живот. Таа изјави дека на рехабилитацијата која ќе ја започне од 2-ри мај, гледа како на благослов а не како на казна. „Мислам дека е ова одлична прилика да имам малку време за себе и ќе можам да се сконцентрирам на она што го сакам во животот.“

article-2306656-1935FFFA000005DC-520_634x532

На прашањето на Летерман зошто постојано запаѓа во неволји, Лохан одговорила:

„Не знам. Јас сум мета. Отсекогаш сум била. Се доведував себе во ситуации во минатото и ја превземам целата одговорност за тоа. Бев незрела, поминував низ фаза и имав семејни проблеми. Знам дека милион пати реков дека сега сум позрела, но што друго да кажам. Тоа е животен процес и се обидувам да излезам од сите ситуации во кои до сега се ставив самата.“

Водено, Линдзи доби низа позитивни коментари за нејзиниот видно подобрен изглед пред и за време на шоуто, а како се одвиваше целото интервју можете да погледнете во видеото подолу.

- Реклама -