Линч ги интервјуира обичните луѓе (видео)

Повеќе... Кралот на бизарните филмови снима кратки документарци во кои ги интервјуира луѓето ширум САД и запознава многу (не) обични ликови. Наместо киното овој пат режисерот Дејвид Линч се одлучи за нов медиум – Интернетот, на кој ќе се одвива документарниот „Интервју проект“.


Кралот на бизарните филмови снима кратки документарци во кои ги интервјуира луѓето ширум САД и запознава многу (не) обични ликови. Наместо киното овој пат режисерот Дејвид Линч се одлучи за нов медиум – Интернетот, на кој ќе се одвива документарниот „Интервју проект“.

Нешто слично Линч направи со играниот филм „Straight Story“, но овојпат целата приказна доби нов медиум. Планот е следниот: екипата која ја собра Линч патува 20.000 милји низ САД и во тек на тие 70 дена пронаоѓа и интервјуира разни луѓе. Тие зборуваат за себе, за своите соништа, околу тоа кои им се најважните работи во животот, за што жалаат во животот… Самиот Линч во најавата на тие интервјуа изјави дека е „фасцинантно да се гледаат и слушаат луѓето“, па на официјалната страница на проектот  најавува 121 епизода со исто толку различни луѓе.
На 1 јуни излезе првата епизода во која се исповедува извесен Jess, а секој трет ден можете да очекувате нова приказна. Освен деталите како увото во ливадата (Син сомот), Линч во своите филмови секогаш знае да избере интересни карактери од малите места, па веруваме дека ќе има успех и со оваа реалистична приказна. 
{youtube}6VkFNH13E54&feature=player_embedded{/youtube}

- Реклама -