Лимонот лек за милион болки

Лимонот е на врвот на скалата на здрави намирници затоа што киселината ги неутрализира токсините, го забрзува топењето на мастите, го зајакнува имунитетот.

Витамините B1, B2, B3, B5, B6 и B9 благотворно делуваат на нервниот систем, а витаминот C ја зголемува одбранбената моќ на организмот и ја подобрува ресорпцијата на железото. Благодарение на високото ниво на селен, магнезиум, цинк, фосфор и калиум ова „златно“ овошје го забавува стареењето.

Лимонот е задолжителна состојка во многу диети затоа што сокот од еден лимон помешан со 2 дл млака вода значително го намалува апетитот.Ако во млака лимонада додадете и малку цимет и мед, ќе го забрзате варењето.

lemonade-lemons

Лимоноидите се непријатели на ракот

Лимонот содржи лимоноиди, единствени фитонутриенти кои имаат значајни антиоксидативни и антибиотички својста. Научниците утврдиле дека нашето тело ги апсорбира лимоноидите подеднакво добро како и витаминот C. Лимоноидите лесно се ослободуваат при варењето, а во крвната плазма остануваат до 24 часа, малку подолго од фенолот од зелениот чај и чоколадото кои, исто така, се драгоцени во превенцијата од рак.

cut1

100 гр. свеж лимон

Енергетска вредност
29 kcal
Од тоа 9,3% јаглени хидрати, 1,1% протеини и 0,3% масти

Минерали
калциум 26 мг
железо 0,6 мг
магнезиум 8 мг
фосфор 16 мг
цинк 0,06 мг
бакар 0,04 мг
манган 0,03 мг

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

spring-decor-kara-butterfield-yellow-lemons-600x411

Витамини
C 53 мг
тиамин 0,04 мг
рибофлавин 0,02 мг
пантотенска киселина 0,2 мг
витамин B6 0,08 мг

71%

Лимон од 100 грама задоволува 71% од дневната потреба на возрасен човек за витаминот C. Истото овошје обезбедува седум отсто од дневната потреба за калиум, еден отсто од потребата за калциум и девет отсто од потребата на организмот за магнезиум

40%

Истражувањата покажале дека мирисот на лимон за 40% ја подобрува концентрацијата и мотивацијата, а воедно ја намалува агресивноста

MangoLemonade3

20 капки

Ако на секој час земате по 20 капки мешавина која сте ја направиле од сок од три лимони и две лажици оцет, ќе го исчистите организмот за една недела

800

800 плодови годишно дава едно дрво во поволни климатски услови. Се одгледува веќе два ипол милениуми, а негова татковина е Кина. Денес најголеми одгледувачи на лимон се Аргентина, Америка, Италија, Израел, Грција и Шпанија.

Lemon_Tree_in_Santa_Clara_California

7 денови

Толку долго може да го чувате лимонот на собна температура, на темно место. Во фрижидер ќе потрае од две до три недели, а цедениот сок во фрижидер до пет денови.

- Реклама -