Лимонот како детергент

Познато е дека лимонот има голема примена во козметиката, и тоа,  за флеките  на кожата или осветлување на косата, а да не говориме  колку освежително истиот  делува кога  го козумираме како пијалок.

Меѓутоа, сокот од лимон можете да го искористите и за природно избелување на облеката која сте ја извалкале или со текот на времето добила жолтеникава боја.

6-tips-to-wash-clothes-in-washing-machine_13706768010

Едноставно додадете четвртина или половина шолја сок од лимон во машината за перење, во делот со прашокот и ќе бидете премногу задоволни од резултатот. Или доколку перете на раце, додадете лимон во легенот со врела вода, односно  неколку парчиња.

man-putting-clothes-washing-machine-19381099

После два часа киснење исперете вообичаено и повторно очекувајте фантастичен резултат.  Во случај да е облеката премногу извалкана, оставете ја цела вечер да остои во вода со лимон.

lemon 2

 

 

- Реклама -