Meдолимонада – напиток кој зимата ја претвора во лето

Медот е незаменлив дел од здравата исхрана на човекот. Нутриционистите го сметаат за еден од најважните намирници. Секако се препорачува да се конзумира многу почесто, особено во студените денови и во друшво на неколку лимони.

Медот е всушност единствена комбинација на природен шеќер која предизвикува позитивни промени во телото. Помага при слабеење бидејќи одржува рамнотежа на метаболизмот, а истраѓувањата докажале дека чајот кој е засладен со мед е многу подобар од чај со шеќер.

Медот е исклучителен и брзо надокнадува енергија. Може да ја врати силата меѓу вежби, ако го пиете во комбинација со вода, Можете да го користите како прелив за салата, во комбинација со маслиново масло и оцет. Медот е исклучителен лек за мамурлук – лажичка мед пред конзумирање на алкохол и 2-3 лажички наутро по забавата и нема да имате никакви проблеми.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Единствен недостаток е калоричноста. Имено, лажичка мед содржи 64 калории, па би требало да конзумирате не повеќе од четири лажички во денот.

Погледнете една интересна комбинација за крај. Ви гарантираме зајакнување на имунитетот.

- Реклама -