Лимонот е една од најдобрите состојки кога се десертите во прашање. Освен што им дава неверојатен мирис и свежина на разните видови колачиња и торти, придонесува до неверојатно одличен вкус кој им се допаѓа на сите љубители на овошните слатки. Рецептот за колачиња со лимон кој ви го прикажуваме во продолжение е едноставен за подготовка, и дефинитивно нема да зажалите доколку го испробате:
За кората:
– 2 шолји брашно
– 1 шолја шеќер во прав
– Многу малку (еден „прст“) сол
– 2 парчиња путер
Фил:
– 4 јајца
– 2 шолји шеќер
– 4 супени лажици сок од лимон
– 4 супени лажици брашно
– 1/2 лажичка екстракт од лимон
– 1 лажичка прашок за пециво
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 350 степени.
2. Премачкајте ја тавата со малку путер или спреј за готвење.
3. Во блендер ставете ги состојките за кората и мешајте. Путерот додадете го на крај, и миксајте додека се не се измелат состојките во големина на грашок.
4. Префрлете ја смесата во тавата, и притиснете ја убаво до дното. Оставете да се пече 20-на минути.
Додека чекате кората да се излади, подгответе го филот.
1. Ставете ги сите состојки (освен прашокот за пециво) во блендер и мешајте додека не се соединат.
2. Токму пред да го истурите филот врз кората, додадете го прашокот за пециво, промешајте, и прелиете. Бидете внимателни при премачкувањето на филот за да не ја искршите кората.
3. Печете ги колачињата со лимон уште 25 минути, се додека филот не се стврдне.
На крајот, пред колачињата да ги пресечете на коцки, посипете малку шеќер во прав. Повикајте ги пријателите и уживајте сите заедно!