Според законот во државата во која се венчани, по завршувањето на бракот, Адриана Лима и Марко Јариќ ќе го поделат сиот имот на два дела.
Бразилската манекенка Адријана Лима и поранешната NBA ѕвезда Марко Јариќ, за чии што развод говори цел свет, во најголемите недвижнини, во своиите фирми и во банките заедно имаат околу 210 милиони долари, кои наскоро ќе морат да ги поделат, со оглед на тоа што не потпишале предбрачен договор.
Јариќ е три пати побогат од Лима (160 милиони), додека Лима има 50. Прочуената Бразилка најголемата заработувачка ја остварила како дел од „Викторија сикретес“, додека нејзиниот сопруг освен како поранешен кошаркар има и успешен приватен бизнис.
Нивниоте најскапи недвижности:
Пентхаус во Њујорк – 5,5 милиони долари.
Јахта „Zeelander 44” – милион долари.
Вила на Флорида – 10 милиони долари.
Вила на Беверли Хилс 1,9 милион долари.
Според пишувањето на медиумите, парот се разделува поради тоа што Марко ја изневерил Лима два пати. Повеќе на оваа тема прочитајте ТУКА.