Лили се расплака поради крајот на „Како ја запознав мајка ти“

Серијата „How I Met Your Mother“ – HIMYM, стана една до најпопуларните серии на денешницата, а траеше девет сезони.Солзите на Алисон Ханиган, позната како Лили, најдобро покажуваат колку се зближиле актерите во текот на снимањето.
Гостувајќи во едно ток шоу, водителката Шерон Озбурн ја праша Алисон што најмногу ќе и недостасува, откако ќе завршат снимањата.

„ Џејсон Сигл нормално. Тој е неверојатен дечко и не сакам понатаму да одговарам на ова прашање“, вели Алисон која се расплака.

Алисон и Џејсон глумеа маж и жена во текот на 200 епизоди од серијата, а Сигл потврди дека  тие имале посебна врска меѓу нив, бидејќи во текот на целото снимање си пружале меѓусебна поддршка.

- Реклама -