И Лила Филиповска на распит за „Рекет“, му позајмувала големи суми на Боки 13

Утрово во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на распит пред обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“, пристигнала добрата пријателка на Бојан Јовановски алијас Боки 13 (првоосомничен во случајот) – водителката Лила Филиповска.

Како што ѝ е познато на јавноста, Филиповска беше во возилото заедно со Боки 13 кога на 15 јули беше уапсен на граничниот премин Богородица, во обид да ја напушти земјата.

Според информациите на „А1он“, Филиповска го привлекла вниманието на Обвинителството поради (најмалку) две големи позајмици, на негово или на име на фирма која е поврзана со него. Повеќе детали, вклучително и сумите, како и Филиповска уловена од објективите, ќе најдете ТУКА.

 

- Реклама -