Lift куќи за региони со висок ризик од поплави

лифт куќиВо обид да се обезбедат домови за луѓето со низок приход во области со висок ризик од поплави, Притула Просун дизајниралa и изградилa иновативна куќа во Дака, Бангладеш. Lift куќата, кратенка за “Low income flood-proof technology”, претставува куќа направена од еколошки материјали која при поплава едноставно ќе се подигне на површината на водата, и ќе се врати на земјата по повлекувањето на водата.

Во обид да се обезбедат домови за луѓето со низок приход во области со висок ризик од поплави, Притула Просун дизајниралa и изградилa иновативна куќа во Дака, Бангладеш. Lift куќата, кратенка за “Low income flood-proof technology”, претставува куќа направена од еколошки материјали која при поплава едноставно ќе се подигне на површината на водата, и ќе се врати на земјата по повлекувањето на водата.

лифт куќи

Со финансиска подршка од Меѓународниот Центар за Развој, проектот е дизајниран да биде независен и да нема никаков приклучок на градскиот систем. Куќата направена од бамбус користи два методи за да плива на водата – шиплива основа направена од Ferro цемент за едниот дизајн и основа направена од бамбус исполнета со употребени пластични шишиња за друбиот. Куќите се опремени со два соларни панели од по 60W кои произведуваат доволно електрична енергија за вентилатори и осветлување. Водата од дождови се собира и филтрира, и може да биде користена во текот на целата година. Куќата веќе била успешно тестирана и во неа веќе живеат две семејства.

Прочитајте и:  ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
- Реклама -